|
|
|
Како да се избегне стрес при патување?Патувањето предизвикува стрес, особено кај луѓето кои ретко одат на одмор или по друга потреба во странство.

Како што пишува „Дејли експрес“, за да се избегнат непредвидени ситуации за време на патувањето, се препорачува планирање однапред – изберете ја насоката, маршрута, хотел, возило, купете ја и подгответе ја потребната облека за местото и сезоната, пред патувањето.
Ако се патува со авион, подобро е да се користат директни летови за да се избегнат проблеми и долго чекање за трансфери, сметаат експертите. И, се разбира, треба однапред да ги проучите правилата за влез во земјата во којашто патувате, на пример – за тоа дали ви е потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест.
Кога патувате, не занемарувајте го осигурувањето. Тоа ќе Ве заштити во случај на сообраќајни незгоди, непредвидени медицински трошоци, губење багаж или кражба на документи.
А, за да се отстранат можните кибер-закани, стручњаците препорачуваат секогаш да се купува привремена СИМ-картичка и да се користи мобилен интернет. Јавните wifi мрежи се небезбедни затоа што се бесплатни и се најпристапни за хакери и измами.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак? - Ќути сине и пукај!
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|