|
|
|
Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијатаКарневал во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Градоначалникот Едуардо Паеш ја објави одлуката вчера на својот интернет сајт, по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој рече дека практично не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус на уличната прослава на која се регистрирале стотици групи.
Повеќе од три милиони луѓе излегоа на улиците во текот на четирите дена од последниот карневал што се одржа 2020 година, наведува весникот „Г1“.
Во меѓувреме, плановите за парадите на Самбодромот во февруари и март засега остануваат.
Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со коронавирус. Околу 618.000 луѓе починаа по компликации со Ковид-19. Само САД бележат поголем број на смртни случаи од оваа јужноамериканска земја.
Како што напредуваше кампањата за вакцинација во Бразил, бројот на нови смртни случаи нагло се намали. Речиси 70 отсто од бразилското население сега е целосно вакцинирано. Откако на почетокот на декември беа откриени првите инфекции со новата варијанта Омикрон во земјата, бројот на позитивни случаи повторно порасна.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|