Бали е едно од најпознатите туристички летувалишта во светот, а луѓето просто уживаат во фотографиите од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости. Сепак, некои посетители ја откриваат и онаа, „другата“ страна на овој „рај на земјата“.
Меѓу првите „маани“ е сезоната на дождови. Како изгледа Бали тогаш, посочи „тиктокерката“ по име Викторија Гулбурн. Таа во својата видеообјава ги покажува „двете лица“ на Бали. Од едната страна е идиличното сместување со лежалки, а веднаш до него – калливата земја по лошото невреме.
Бројни корисници ја коментираа нејзината објава, посочувајќи дека Викторија, за жал, дошла во погрешно време од годината.
Корисниците истакнуваат дека, и покрај овие критики, Бали е обично место на Земјата, „како и сите други“… Па, се истакнува и дека при планирањето на патувањето на овој остров во Индонезија, неопходно е, како и обично, да се истражат соодветните места за престој.