|
|
Мачу Пикчу повторно отворен за туристиМачу Пикчу, една од главните туристички атракции во Јужна Америка, повторно беше отворена за посетителите вчера по неколку недели неработење поради немирите.

Протестите предизвикани од соборувањето и затворањето на поранешниот претседател на Перу, Педро Кастиљо во декември го блокираа туризмот на Андите, па и ги принудија властите да го евакуираат Мачу Пикчу. Беа запрени и возовите што сообраќаат меѓу ова историско место и градот Куско. Иако блокадите на патиштата на југот на Перу продолжуваат, последниве денови владее релативен мир.
Повторното отворање уследи по договорот меѓу туристичките компании, властите и тамошната заедница, за гарантирање на безбедноста околу Мачу Пикчу и за превозните услуги.
Мачу Пикчу бил изграден во 15 век, веројатно во времето на Империјата на Инките. Бил напуштен при шпанското освојување, а откриен е во 1911 година од американскиот истражувач Хирам Бингам.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
- Тато, да не спиеш? - Не! Кажи што сакаш. - Дај ми 200 денари за во град, - Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!
* * * Се јавува плавуша во Авиоимпекс: - Се извинувам,... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Меѓународен ден на театрите
- Ден на здравственото воспитание на Македонија
1625.- Умре британскиот крал од шкотско потекло...
1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|