Германски циркус ги замени животните со холограми

Германскиот циркус „Ронкали“ воведува холограмски содржини, со цел помалку тормозење на животните. Групата, инаку, престана да користи лавови и слонови во претставите уште во 1991 година, а пред пет години отиде и подалеку, па целосно ги отстрани вистинските животни од својата програма.

- Вистински животни во рингот - тоа денес веќе не е в ред, според нас, изјави раководителот на циркусот, Патрик Филаделфија.

Последниве години, циркусите се сѐ повеќе ограничени со простор.

- Ако се сместите сред центарот на некој град, веќе нема простор за надворешните заградени простори за животните. Преселничката природа на циркускиот живот е исто така заморна за животните, на пример коњите, кои треба да се натоварат во камиони и потоа да се пренесат во соседниот град. Веќе нема никаква смисла циркусот да ги чува животните, додаде Филаделфија.

Размислувајќи како да се зачува магијата на животните, особено за децата, циркусот пристапува кон новата технологија - холограми.

- Ако може да проектирате некој кој повеќе не е жив на холографски екран, зошто не можете да го направите тоа со коњ, слон?, прашува Филаделфија.

Визуелната илузија, инаку, е технички предизвик затоа што во циркусот публиката седи во круг, наспроти театарот, каде што сите се пред сцената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби