Венеција вон листата на загрозено културно наследство

Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации - УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство - спротивно на очекуваното.



Комитетот на УНЕСКО ја донесе одлуката вчера на тековниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија. Сепак, Комитетот ја повтори својата загриженост за правилно зачувување на овој град во северна Италија, признат како светско наследство во 1987 година. При закани од масовниот туризам и климатските промени, се вели дека мора да се постигнува и натамошен напредок.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро го изрази своето задоволство по одлуката на УНЕСКО, нагласувајќи дека се направени напори за заштита на таа област.

- Венецијанците го сакаат својот град и веруваат во неговата иднина, изјави Бруњаро.

Италијанскиот министер за култура, Џенаро Санџулијано ја нарече одлуката „голема победа за Италија и здравиот разум“. Тој рече дека градот Венеција презел храбри чекори за управување со туризмот и обезбедување заштита на статусот на неговото наследство.

Градскиот совет на Венеција претходно одлучи да воведе такса од пет евра за туристи. Надоместокот првично пробно ќе се применува вкупно 30 дена следната година, пред сѐ за време на пролетните празници и летните викенди кога има најмногу посетители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби