Најдобрите шопинг центри во Европа

Сите ние кои одиме на патување, секогаш проверуваме кој шопинг центар може да го посетиме во местото каде што одиме, за да се вратиме со некое ново парче облека. Токму затоа ви ги нудиме едни од најдобрите шопинг центри кои постојат во Европа.

Доколку не одите на патување, можете да организирате специјален шопинг со пријателите токму во еден од следните центри.

Галерија Lafayette, Париз

Овој шопинг центар се наоѓа во самото срце на Париз. Во 2009 година токму во овој центар е забележан промет од милијарда евра!

Самиот центар е сместен во зграда од 10 ката, а секојдневно им нуди на своите посетители бесплатни ревии и услуги од стилисти и козметичари, кои ќе го претвораaт шопингот во прекрасно искуство.

Galeria, Милано



Овој шопинг центар е сместен во европската престолнина на модата. Многу брзо откако е отворен стана популарен меѓу туристите и бизнисмените кои го посетуваат за време на пауза. Денес има развиено културна институција, која им нуди на посетителите забави и претстави.

Harrods, Лондон



Оној кој бил во Лондон и не го посетил овој трговски центар, не може да каже дека го видел целосно Лондон. Дефинитивно, ова е најскапиот центар во Европа, во која нема што нема.

Quartier 206, Берлин



Сопственичката на овој трговски центар, Ана Марија Јаџфилд, при една прилика изјави дека ова е совршениот шопинг центар. Има за секого по нешто. Ана го пропатувала целиот свет за да ги стекне продавниците со што е можно повеќе креации од светските дизајнери. Овој центар се наоѓа на само 2.500 квадратни метра.

Royal Gallery, Брисел



Ова е првиот шопинг центар во Европа, отворен во 1847 година. Архитектурата на центарот совршено се вклопува со визијата на градот. Не ни треба да кажеме дека овде може да се најде по нешто за сечиј џеб. Од луксузни торби до префинети белгиски чоколади.

Las Arenas, Барселона



Некогаш на ова место имало арена за борба со бикови, но како што растела свеста на луѓето за мачење на животните, така ја пренамениле оваа градба во шопинг центар. Можеби центарот не е многу голем, бидејќи има само 60 продавници, но сите се ексклузивни.

Vulcano Buono, Нола



Не е тешко да се дознае со што се воделе архитектите кога го граделе овој шопинг центар, а е еден од ретките во Европа кој од продажба на мало нуди и продажба на големо. Понудата е навистина огромна. Од многубројните продавници, ресторани, кафетерии, книжари – овде има се како во едно мало гратче.

Gasometer, Виена



Ова е сè само не е обичен трговски центар. Се работи за поранешна индустриска зона во Виена, која што во 1990 година светски познат архитект ja претворил во идеално место за живот на модерниот човек. Сега тоа е целосен комплекс со 615 станови и сала за концерт која може да прими 4.200 луѓе. Под ова се наоѓа шопинг центар со околу 70 продавници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби