Калиопи ја претстави евровизиската „Црно и бело“

Во посебна музичка емисија која се емитуваше  на Македонската телевизија, синоќа Калиопи ја претстави евровизиската песна „Црно и бело”. Станува збор за рок балада која почнува бавно со пијано, кулминира во рок манир и при крајот преку поп израз завршува како балада. Во песната до израз доаѓа гласовниот квалитет и сензибилитет кои Калиопи ги носи во себе. Песната има певлив рефрен и се памети од прво слушање. Во текстот евидентни се автобиографските моменти:



„Точно е дека во песната има многу лични работи, но таа истовремено ги содржи трите основни карактеристики на нашиот народ: храброст, енергичност и скромност. Ми се допадна целата атмосфера и енергија која ја имавме меѓу присутната публика. Знам дека во Баку достојно ќе се претставиме и не се оптоварувам со пласман”.

Автор на музиката и аранжманот е Ромео Грил, а Калиопи е автор на текстот.

Во текот на 90-те минути Калиопи ја отепа и англиската верзија на песната, насловена „Black and white”. Потсети и на дел од своето богато творештво: „Не плачи”, „Ако денот ми е ноќ”, „Не заборавај”, „Обои ме”, „Бато”. Со Симон Трпчески во пијано придружба ја отпеа „Аве Марија”. Гости на вечерта беа браќата Тавитјан со кои ја исполни песната на Гаро јуниор „New day” и Един Карамазов со кого во придружба на лаура и гитара ги отпеа „Со маки сум се родила” и „Hallelujah”. Воедно, Калиопи на забавен начин беше претставена како личност која освен музика сака спорт и танц.

Според најавите, во Баку, песната ќе се пее на македонски јазик. Постои можност само последниот рефрен да се отпее на англиски јазик. Во однос на кореографијата нема да има драстични промени што значи целото внимание ќе биде концентрирано на Калиопи.



И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се венчале Мујо и Фата и на првата брачна ноќ Мујо се соблекува и &иацуте; вика на Фата:
- Види Фато што имам!
А Фата разочарана:
- Абе Мујо, мал ти е.
- Мало, мало ама...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби