Сеуште незадоволна од големината на својата уста?!

Кристина Реи е 22 годишна девојка, која живее во Санкт Петерсбург, Русија. Она што ја прави „посебна“ е вечниот комплекс заради нејзиниот изглед, како и начинот на кој се одлучила да го реши својот проблем.


Кристина - на 17-годишна возраст и сега

Таа е убедена дека нејзините усни се грди и целиот свој живот и’ завидувала на нејзината сестра, која за разлика од неа, имала полни усни.

Заради овој комплекс, таа ги „наполнила“ нејзините усни со 100 инјекции, а секој болен зафат ја чинел околу 40 фунти.

Иако, објективно гледано, резултатот е невистина запрепастувачки и застрашувачки, Кристина, која признава дека е зависна од ботокс, сега сака уште поголема уста, како и пластични операции на ушите, носот и градите.

- Тоа ме прави среќна. Се случува луѓето кои минуваат на улица да ми довикуваат со разни имиња, како „голема уста“, но мене тоа воопшто не ме засега!, вели таа.

- Сакам екстремни работи. Зависник сум од тоа. Моите пријатели ми велат дека треба да престанам, но јас сеуште не сум задоволна. Уште се немам одлучено околу големината, но факт е дека тие моментално се премногу мали.

Кристина, исто така признава дека за време на училишните денови таа била малтретирана од нејзините соученици, кои постојано и’ велеле дека била грда.

- Тие не ме задеваа конкретно заради моите усни, но верував дека со големи и полни усни ќе бидам поубава. Уште кога имав четири години забележав дека усните ми се потенки од вообичаено.

Кристина, која никогаш досега немала момче, за првата инјекција се одлучила кога имала 17 години и тврди дека нејзината самодоверба веднаш се зголемила.

- Знам дека некои луѓе сметаат дека изгледам смешно, но воопшто не се грижам за тоа. Понекогаш дури и ми одговара вниманието кое го добивам од луѓето кога пробуваат да ме сликаат со нивните мобилни телефони, додава таа.


22-годишната Русинка, пред самоволно да се „деформира“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби