На прв поглед изгледа како апокалиптично цунами кое се издига од океанот. Иако потсетува на хорор цунамито од Јапонија и Индонезија, каде џиновските бранови сееја смрт, ова е само безопасна магла која се издига и над зградите на крајбрежјето.
Глетката која просто ви го одзема здивот, ја фотографирал пилот на хеликоптер, кој прелетувал над Панама Сити.