Денот на вљубените на црната листа во некои земји

Денот на вљубените, 14 февруари, односно Денот на Свети Валентин, на Балканот е празник од понов датум и повеќе има симболичен карактер. 

Се одбележува од крајот на ’80-те години на минатиот век и изгледа како да го заменил 8 март, со многу цвеќе, црвено срце, чоколади, понекоја честитка, ручек или вечера за двајца.

Овој празник меѓутоа и денес е забранет во неколку држави, претежно оние со авторитарен карактер, како што се Иран, Северна Кореја и некои африкански земји.

Прославата на Денот на вљубените ја забранија меѓутоа и властите во рускиот град Белгород, бидејќи не е дел од локалната традиција. Руската православна црква не даде коментар на оваа мерка, но локалниот парох „го благослови“ овој чекор на властите во Белогород. Со одлука на гувернерот нема да се одржуваат коцерти, а дури и Зоолошката градина ги поништи поевтините влезници, кои можеле да ги купат паровите.

- Атмосферата која го следи овој празник не им овозможува на младите да развиваат духовни и морални вредности и тој е во спротивност со руската традиција. Општеството мора да биде свесно за последиците од ваквите прослави. Можевме да воведеме и Ден на вотката, па тоа да го славиме, изјави портпаролот на канцеларијата на гувернерот.

Наместо Денот на вљубените во Белгород се слави Денот на православната младост, кој се одбележува со концерти на класична музика и балови.

Во Узбекистан исто така во сила е забрана за овој празник. Минатата година официјалната новинарска агенција Тиркистон, Денот на вљубените го опиша како „дело на злите сили, кои сакаат да ги уништат националните вредности“.

Иран и Саудиска Арабија исто така на црната листа го ставија Денот на вљубените. Официјален Техеран соопшти дека тие што ќе ја игнорираат забраната ќе бидат казнети, а во Саудиска Арабија нема подароци пригодни за овој ден, па дури ниту чоколади и црвени рози.

Во Индија десничарските екстремистички групи уште во 2010 година биле подготвени на акција против образовните и културните институции или ресторани, кои го афирмираат овој ден.

Според легендата, Свети Валентин живеел во 3-тиот век. Тој е погубен во времето на римскиот цар Клаудиј Втори, но царот Јулие Први на неговиот гроб потоа подигнал базилика и оттогаш тој се почитува како светец меѓу христијаните.

Од 15-тиот век овој светец се поврзува со празникот на вљубените. Обичајот за избор на својата невеста на овој празник најпрво се проширил во Англија и во Шкотска. Познато е дека момчињата во 16-тиот век оставале љубовни пораки и честитки на прагот на својата избраничка. Честитките биле внимателно изработени, порабени со тантела и украсни ленти.

Католичката црква во 1969-та година одлучи да го отстрани Свети Валентин од календарот на светците, но денот на Свети Валентин, на кој се слави љубовта и натаму остана важен датум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби