Необична судбина: Темелков два пати ја измамил смртта

Нашиот претставник во популарното музичко шоу X-Factor Adria, Давид Темелков, прво настрадал кога на него паднал прозор, а неодамна имал и сообраќајна несреќа.

Детскиот шарм, гласот на славеј, одличните настапи во лајв емисиите и вајаното тело направија 22-годишниот Македонец да добие обожаватели од целиот регион. Давид кој со својот настап успеа да ја расплаче својата менторка, Александра Ковач (42), животот му го промениле тешки несреќи.

- Прв пат ја измамив смртта кога на мене додека вежбав во теретана падна прозор. Стаклото ми ја исече раката на три милиметри од главниот нерв кој ја поврзува раката со мозокот. И денес имам голем белег, рече финалистот на X-Factor.

Втората несреќа на Темелков му се случила по „bootcamp“, кога на неколку дена дошол во Македонија.

- Тогаш имав сообраќајна несреќа. Додека се возев со такси, на нас налета автомобил, кој „леташе“ со 200 километри на час. Не се сеќавам на ништо, но ми кажаа дека сам сум ги извлекувал возачот од едниот и таксистот од другиот автомобил во пламен, рече пејачот.

Тој заработил потрес на мозокот, но за среќа, вели дека не поминал со тешки последици. Интересно е тоа што непосредно пред тоа на друштвената мрежа објавил слика од својот идол, Тоше Проески, кој загина во 2007-та во сообраќајна несреќа.

- Во „bootcamp“ ми се падна да пеам негова песна. Сето тоа го сфаќам како знак и тогаш одлучив да се занимавам со она за што сум предодреден, а тоа е низ пеење на публиката да и ги пренесам моите емоции, заклучува Давид.

Тој открива дека несреќите му го смениле односот кон животот. Давид добил и прва сериозна понуда од нашиот текстописец Огнен Неделковски, автор на хитот на Тоше, „Тајно моја“, кој му ветли дека ќе му напише песна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби