Конечно се откри и полот на бебето кое го носи Ким Кардашијан од Канје Вест. Тоа е момче! Овие тврдења потекнуваат од извор близок до семејството.
- Канје ја обожава Нори повеќе од сè, но за да му се исполни сонот, тој посакуваше синче, наследник.. Сега е преплавен со емоции, изјавил изворот за US Weekly.
На почетокот на јуни, Ким и официјално сподели со нејзините фанови дека е бремена со второ дете. По сè изгледа дека ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“ веќе подолго време знаела дека е бремена, но чекала за да соопшти. Сепак, знаците на бременоста се уште не и се забележуваат.