Голди Хоун и Кејт Хадсон деновиве уживаат на плажите на Скијатос каде фамилијарно го поминуваат летниот одмор.
Шеесет и девет годишната мама Хоун уште се држи одлично за своите години, додека Кејт е вистинска инспирација за жените кои сакаат да имаат семејство и повторно да изгледаат пожелно.
Со своите 36 години и 2 деца, Хадсон има тело на кое би и подзавиделе многумина.
Актерката го покажа своето совршено тонирано тело во крем костим за капење, додека нејзината мајка избра син едноделен модел.