ФОТО: Лонгорија уловена во страстни интимни прегратки

Ева Лонгорија ужива во својот љубовен живот. Латино актерката, која беше во 4-годишен брак со францускиот кошаркар Тони Паркер, очигледно е заљубена повеќе од било кога. Таа е уловена од објективите на папараците, не можејќи ниту за момент да му одолее на нејзиното момче Хозе Антонио Бастон, познат мексикански бизнисмен, кој пак, не може да ги тргне рацете од жешката Ева. Од нивните допири и страстни прегратки летаат искри на сите страни.



Парот е заедно од 2013-та година, а моментално е одмор на италијанскиот остров Капри.



Тој можеби не изгледа привлечно како кошаркарот, но судејќи според фотографиите, очигледно има многу повеќе од тоа штом згодната Ева покрај него сјае и се топи како тинејџерка.



- Навистина сум заљубена, повеќе од било кога. Секој миг поминат со него е благослов, се отвори Лонгорија за Daily Mail Australia.

Во врска со нејзината завидна фигура и одличниот изглед и на 40-тата година од животот, таа вели:

- Луѓето сакаат да ја знаат тајната на добриот изглед, но не постои такво нешто. Заљубена сум и токму тоа влијае најмногу на изгледот. Исто така, водам добра грижа за себе. Тоа не е тајна. Се исхранувам здраво и вежбам.



Ева открива дека беспрекорниот изглед кој го има пред камерата всушност е резултат на „милион трикови“ и го нарекува илузија. Позади дизајнерската креација, совршено направената фризура и шминка, стои цела армија на стилисти кои се фаќаат за работа со неа уште од самото утро, со цел таа да сјае на црвениот тепих.

- Тоа е цел процес. Имам милион трикови – вештачки трепки, мидер, специјална долна облека која не остава рабови... Не можеш туку така да излезеш од кревет изгледајќи така. Потребна е пеколна работа.

Инаку, актерката вели дека во секојдневието, нејзиниот стил е многу поинаков и е рефлексија на нејзината личност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби