Палтроу со чуден совет: Уринирајте клекнати во када

Гвинет Палтроу е позната по нејзините чудни совети кои и’ ги упатува на јавноста преку нејзината веб страна за здрав животен стил наречена „Goop“ – од скапи производи за убавина до уште поскапи подароци и одмори, но дури и оние читатели со најотворен ум ќе останат изненадени од последниот совет.

Таа им препорачува на жените да уринираат во када потклекнати, односно во „squat“ положба.

Во новата статија наречена „Тајните на долните карлични мускули“, се прикажуваат повеќе начини и вежби како да се зајакне оваа област, според кои, „Goop“ очигледно не се задоволува само со Кегеловите вежби.

- Обидете се да уринирате во кадата потклекнати, се наведува во статијата, илустрирајќи го овој совет со фотографија од жена која е во „squat“ положба.



Како што се обајснува, предностите на силни долни карлични мускули се добра контрола на мочниот меур, подобрен сексуален перформанс и посилни оргазами, како и подобро здравје на колковите. Овие мускули најчесто се опуштаат после раѓање, што е особено важно за 41-годишната Гвинет, која има родено две деца.

Токму затоа, таа преку нејзината веб страна препорачува разни начини за користење на тие мускули со цел да се зајакнат – странично клекнување врз едната нога, со истегнување на другата, вежби со помагала кои ги активираат внатрешните мускули на бутините, како и необичното уринирање во када, кое веќе го споменавме.



- Кога се уринира во потклекната положба, за разлика од опуштена и исправена положба кога седиме на шолја, автоматски се активираат долните карлични мускули, со што тие се стегнуваат и се тонираат, се наведува во статијата.

Исто така, објаснето е и дека доколку го контролирате текот на урината, можете дополнително да ги зајакнете тие мускули. 

Познатите Кегелови вежби, пак, опфаќаат стегање на мускулите, нивно кревање нагоре и контролирано задржување во таа положба неколку секунди. Потоа потребно е да се опуштат и да се продолжи со истата постапка повеќе пати.



Познатата актерка не испушта ниту една прилика да го препорача честиот секс како најдобар начин за одржување на телото, умот и духот, како и карличните мускули.

Полтроу од неодамна почна да се гледа со 44-годишниот ТВ продуцент Бред Фалчук, со кој забележана на одмор во Поситано, Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби