Пипа Мидлтон повторно се најде во центарот на вниманието кај медиумите откако го покажа своето исончано и стегнато тело на одмор на Карибите.
Таа беше фотографирана додека се забавуваше во водата заедно со својот постар брат и уште еден пријател.
- Црвеното бикини едноставно одлично и стоеше на нејзиното извајано тело на кое се гледаат стомачните мускули. Се гледа дека вежба и дека ужива во тоа што го прави. На одмор е заедно со мајка си и постариот брат, а мажот со кој се забавуваа скокајќи од платформа во морето сè уште не знаеме кој е, напишаа британските медиуми покрај објавените фотографии на 31-годишната сестра на војвотката од Кембриџ.