За некои нејзиното однесување е израз на бунтовност, додека за други е тотално промашување.
Мајли Сајрус несомнено има глас и песни кои што би сакале да ги слушнете, но нејзиното лудување на сцената веќе одамна ги премина границите на добриот вкус.
Иако самата за себе вели дека она што го прави не е ништо страшно, многумина ќе се согласат дека претерува.
Последниот креативен испад го направи за време на својот настап во Чикаго каде се појави на сцената со вештачки пенис и лажни топлес гради.