Откако интернет порталите се преполнија со гласини дека Тамара Тодевска се разведува и дека повеќе не е во добри односи со својата довчерашна другарка Катaрина Ивановска, пејачката се огласи на својот Facebook профил.
Тамара ги замоли медиумите да престанат со сензационализмот и да не заборават дека нејзиниот приватен живот и сите нешта кои се одвиваат во него треба и да останат во приватната сфера.