Латино дивата, Џенифер Лопез, е една од оние ѕвезди кои секогаш објавуваат одлични селфи фотографии на социјалните мрежи.
Во што е тајната? Освен тоа што треба да имате телефон што има квалитетна камера, треба да знаете како да си играте со светлината за да го извадите максимумот од вашата селфи фотографија.
Трикот кој го користи Џеј Ло е мошне едноставен и ефективен. Откако ќе го пронајдете вистинскиот агол на фотографирање во кој лицето ви изгледа најдобро, започнете да се вртите во круг барајќи ја најдобрата светлина за да ја направите фотографијата.