Кој ја уби пејачката на Гранд?

Србија е во шок откако полицијата го пронајде безживотното тело на Јелена Марјановиќ Крсмановиќ. Пејачката на Гранд беше пронајдена мртва во еден канал со вода во Борча. Нејзиното семејство пријави дека е исчезната откако вчера не се вратила од трчање.

Според полициски извори на неколку метри од телото се пронајдени нејзината тренерка, патика и мобилниот телефон, а на починатата се забележани повреди од остар предмет кои укажуваат на тоа дека била убиена.

Нејзиниот сопруг, Зоран Марјановиќ го помина денот во полициската станица давајќи изјави. Порталот Informer неофицијално дознава дека Зоран бил ставен на полиграфски тест, што успешно го поминал. Во полициската станица се повикани и свекорот и свекрвата.

Додека истрагата е во тек, семејството и пријателите се уште не можат да поверуваат дека Јелена повеќе ја нема.

Ќерката Јана (5) постојано ја бара мајка си со зборовите: Вратете ми ја мама, сакам да си играм со неа, а колегите од Гранд продукција се уште се во шок по трагичната вест.

-Шокиран сум од веста дека Јелена повеќе не е меѓу нас. Длабоко сум потресен. Се додека не ја дознав застрашувачката вест се надевав на најдоброто. За жал не дочекав добри вести! Ова е неизмерна загуба за нејзиното семејство и за сите нас, изјави Саша Поповиќ.

Пејачката Маја Маријана ја искоментира смртта на своето колешка на социјалните мрежи.

- Таа беше млада жена за пример...Зошто...Каде е правдата...Душата ме боли, ја знам уште од кога беше дете...разни створови го дишат овој воздух...ми се вреска од болка и мака!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби