ЗАСЛУЖЕНО ПРВ

Роден победник: Даниел Кајмакоски го освои TLZP

Уште едно големо шоу и уште една голем победа!

Даниел Кајмакоски повторно ги освои симпатиите на балканската публика, но овој благодарение на неговата дарба за имитација.

Кајмакоски доби најголем број на гласови од публиката и со тоа ја освои наградата од 25 илјади евра во шоуто „Tvoje Lice Zvuci Poznato“.

-Мислам дека најпотребно е да ги дадам овие пари на една самохрана мајка од Куманово која се бори да ги спаси своите две деца кои имаат иста болест, рече Даниел и додаде дека на мајката и се потребни 100 илјади евра, па овие пари ќе бидат само мал придонес за неа.

Пејачот вечерва беше во улогата на Монс Селмерлев, минатогодишниот победник на Евровизија и ја изведе песната „Heroes“.


-Многу сум среќен што вечерва не мораме да оценуваме. Инаку би бил во голема дилема. Твојот настап беше спектакуларен. На сите ни се претстави како добар пејач, добро момче и мислам дека многу допринесе оваа емисија да биде топ, воодушевено изјави водителот Иван Ивановиќ.

Даниел несомнено беше спектакуларен не само оваа вечер, туку и во изминатите неколку месеци додека го следевме шоуто. Илјада евра освои со имитацијата на Тина Тарнер, но подеднакво пленеше и како фронтменот на Rammstein, Мајкл Џексон, Џастин Бибер, Бруно Марс...

Во финалето си ги одмери силите со Каја, Ивана, Неша и Никола Првиот натпреварувач, кој го напушти финалето беше Ивана Петерс, откако освои најмал број на гласови од публиката.

По неа шоуто го напуштија Каја и Неша Бриџис, па на крајот останаа само Даниел и Никола Роквиќ.

 

Н.В.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби