Актерката Дајан Кругер овој месец објави дека заедно со колегата Џошуа Џексон ја прекинале врската која беше една од најдолготрајните во Холивуд.
Иако не ја кажаа причината за распадот на нивната 10-годишна врска, во медиумите се шпекулираше дека причината била што 40-годишната актерка не сакала да стапи во брак со Џексон, додека пак тој сакал врската да ја зацементираат со брак. Но, сега кога е без момче, тоа не ја спречи 40-годишната Дајан сама да оди на одмор. Актерката оваа недела сподели фотографии откако е „single“.
Германската актерка сподели две фотографии од одморот на егзотична локација, а фотографијата на која таа носи бикини привлече огромно внимание не само на Instagram, туку и во американските медиуми.
Дајан претходно 5 години беше во брак со францускиот колега Гиљерм Кањет и од тогаш јавно потврди дека не сака никогаш повторно да стапне на „лудиот камен“.