Кристијано Роналдо му соопшти на светот колку е пресреќен што станал татко на близнаци.
Фудбалерот сподели фотографија на социјалните мрежи, на која во прегратка можеме да ги видиме штотуку родените Матео и Ева.
-Толку сум среќен што можам да ги држам во раце овие две нови љубови на мојот живот, сподели Кристијано.
И несомнено е дека еден мошне среќен човек. Има успешна кариера, три деца и прекрасна девојка. Што уште би можел да посака?