И удрив тупаница и се прашував зошто го направив тоа?!

Поминаа точно 8 години откако Крис Браун брутално ја претепа Ријана после нивната бурна расправија. Сепак и после сè раперот тврди дека сè уште ја сака.

Браун (28) отворено зборуваше за инцидентот во својот нов документарен филм Chris Brown: Welcome To My Life и откри дека нивната врска тргнала во погрешен правец откако и признал на пејачката дека имал секс со поранешна вработена иако претходно го тврдел спротивното.

-Ме мразеше. Потоа направив сè. Не и беше грижа, не ми веруваше повеќе. Од тогаш натаму сè почна да оди надолу бидејќи се каравме, се напаѓавме, се тепавме, вели Крис.

-Сè уште ја сакам Ријана, но ќе бидам искрен. Ние се расправавме, таа ме удираше, јас ја удирав, никогаш не бевме ОК. Секогаш доаѓавме до моментот кога се прашувавме што правиме со себе.

Зборувајќи за ноќта кога брутално ја претепа пејачката, Браун вели дека се обидел да и докаже дека нема ништо со девојката која што постојано го следи на настапите, но нештата излегле од контрола, кога девојката му пишала порака.

-Ријана збесна и го фрли телефонот. Почна да ме удира, почнавме да се бориме. Се сеќавам дека се обиде да ме удри со нога, но тогаш јас ја удрив неа. Ја мавнав со затворена тупаница и ја распукав устата. Бев во шок и си велев зошто ли ја мавнав така?! Таа почна да ми плука крв во лицето...Тоа ме збесна уште толку. Почнавме да се тепаме во автомобилот и тоа додека возиме по улица, вели Браун.

По инцидентот раперот се изјасни како виновен за нападот и отслужи условна казна. Ријана долго време по инцидентот не можеше да ја надмине траумата.

-Го загубив мојот најдобар пријател- сè што знаев се смени во една вечер и не можев да го контролирам тоа. Морав да се справам со се, да сфатам што се случи и тоа беше многу тешко особено поради тоа што очите на целиот свет беа вперени во нас, во една прилика изјави таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби