СКАНДАЛОТ ПРОДОЛЖУВА

Вајнстин исфрлен од Академијата откако уште една жена го обвини за силување

Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, повторно е обвинет за силување, овој пат од англиската актерка Лисет Ентони, која тврди дека во 80-те ја силувал во нејзиниот дом во Лондон.

Ентони тврди дека Вајнстин ненадејно се појавил во нејзиниот дом, по што едноставно и се нафрлил.

-Ме турна внатре и ме приклешти до ѕидот. Се обидуваше да ме бакне и бутне внатре, вели таа и додава дека иако се обидела да даде отпор, напаѓачот бил претежок за неа. По нападот се чувствувала одвратно и посрамено. Случајот на Лисет се истражува од инспекторите на Скотланд јард.

Во меѓувреме Академијата за филмски уметности и науки која секоја година го доделува Оскарот, го исфрли продуцентот од нивното членство поради секс скандалот во кој што е вмешан.

-Го правиме ова не само за да се одделиме од некој кој не заслужува почит од своите колеги туку и за да испратиме порака дека ерата на намерно незнаење и срамно соучество во сексуално предаторско однесување и вознемирување на работно место во нашата индустрија завршува, се вели во официјалното соопштение на Академијата.

Скандалот со филмскиот могул доби невидени пропорции откако звучните имиња како Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли, Мира Сорвино и ред други зборуваа за своето искуство со Вајнстин.

Меѓу жените кои биле сексуално малтретирани од продуцентот се најдоа и Кара Делевињ, Ева Грин и Кејт Бекинсејл.

Кара Делвињ

Кога останавме сами почна да се фали за сите актерки со кои спиел и како им направил филмска кариера, за потоа да продолжи да зборува други несоодветни нешта од сексуална природа. Ме покани во неговата соба. Го одбив и ја прашав неговата асистентка дали автомобилот ми пристигал. Ми рече дека не и дека е подобро да одам во неговата соба.

Ева Грин

Бидејќи неговата канцеларија беше во неговата хотелска соба, Ева отишла со него и се обидел да и го направи истото како и на другите девојки. Успеала да си замине, но се заканил дека ќе и ја уништи кариерата, раскажува нејзината мајка.

Кејт Бекинсејл

Кога пристигнав на рецепција ми рекоа да одам во неговата соба. Ја отвори вратата облечен во наметка. Бев многу наивна и млада и не ни помислив дека овој постар, неатрактивен маж очекува дека ќе имам било каков сексуален интерес за него. Откако одбив алкохол и реков дека сум на училиште следното утро си заминав малку вознемирена. После неколку години ме праша дали сме направиле нешто на тој состанок. Сфатив дека не може да се сети дали ме нападнал или не.

По скандалот Вајнстин замина за Аризона каде што моментално се наоѓа на рехабилитација поради зависност од секс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби