Ноќта на вештерките е дури во вторник, но тоа не ги спречи ѕвездите уште викендов да започнат со празнувањето.
Сопругата на Џорџ Клуни, Амал се трансформираше во диско кралица со афро фризура и позираше заедно со својата пријателка, Синди Крафорд, чиј изглед исто така беше инспириран од 70-тите.
На забавата, која традиционално ја одржува Џорџ Клуни, имавме можност да ги видиме Алесандра Амбросио, Ким Кардашијан и ред други звучни имиња кои повеќе или помалку влегоа во филм за маскирање.