Познати личности кои се вплеткале во љубовен триаголник

Да се одржува една врска е тешко, особено кога сте јавна личност и кога папараците ве следат на секој чекор. Сè што се обидувате да сокриете од будното око на јавноста е скоро невозможно, особено кога станува збор за неверство и љубовен триаголник.

Еди Фишер, Деби Рејнолдс и Елизабет Тејлор

Деби Рејнолдс и Еди Фишер на времето беа добро познат пар во Холивуд. Кога нејзината најдобра пријателка, Елизабет Тејлор, се омажи за нејзиниот трет сопруг Мајк Тод, Фишер и Рејнолдс беа покрај неа.

По трагичната авионска несреќа во која Тод го загуби животот, Фишер реши да се разведе од Деби и да се ожени со Елизабет Тејлор.

Години подоцна Елизабет се разведе од Фишер и повторно го обнови пријателството со Деби.

Линдзи Лохан, Арон Картер и Хилари Даф

Арон Картер започна да излегува со познатата тин ѕвезда Хилари Даф во 2001 година. Тој остана две години во врска со неа, но во текот на врската истовремено излегуваше и со Линдзи Лохан. Всушност нештата се измешаа и тој остана без двете во 2003-та година. Линдзи Лохан и Хилари Даф беа во лоши односи, а Линдзи дури и и се потсмеваше на сметка на Хилари во неколку емисии.

Анџелина Џоли, Бред Пит и Џенифер Анистон

Бред Пит и Џенифер Анистон изгледаа како најсреќната холивудска двојка додека во приказната не се вмеша Анџелина Џоли. Бред и Џоли се запознаа на снимањето на Ms.&Mrs. Smith каде ја започнаа својата љубовна афера. По ова Анистон и Пит се разведоа и Бред остана со Џоли. Тие стапија во брак пред некоја година, но потоа покренаа бракоразводна парница.

Тајга, Блек Чајна и Кајли Џенер

Тајга и Блек Чајна започнаа да се гледаат во 2011 година, а подоцна го добија нивниот син Кинг Каиро. Нивната свршувачка ја прекинаа во 2014 година кога и се разделија. Подоцна Тајга заврши со Кајли Џенер, а во 2016 година Блек Чајна започна врска со постариот брат на Кајли, Роб Кардашијан со кој набрзо се вери и ја доби нивната ќерка Дрим Рене Кардашијан. Веднаш по разделбата на Кајли и Тајга, пукна и врската на Роб и Блек Чајна, а Блек Чајна ги обвини Кардашијан/Џенер за нивната разделба со Роб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби