Меган Маркл конечно го доби својот прстен.
Кралската палата на Велика Британија денес ја потврди веста дека принцот Хари и неговата девојка се вериле на почетокот од месецот и дека венчавката е закажана за следната пролет.
Парот денес ја имаше и својата прва фотосесија за јавноста која беше направена во Кесингтон палатата.
Свршеничкиот прстен кој се најде на раката на Меган Маркл е креација на самиот принц Хари. Еден од дијамантите е од Боцвана, едно од омилените места на принцот, додека другите два се од приватната колекција на принцезата Дајана.
Судејќи по фотографиите новата кралска двојка и е повеќе од среќна со својата веридба.
Инаку принцот Хари е петти во линијата на наследство на британскиот престол, по неговиот татко, принцот Чарлс, брат му, принцот Вилијам и неговите наследници принцот Џорџ и принцезата Шарлот.