Анџелина Џоли со години се гледаше со актерката Џени Шимицу во која се заљубила веднаш по нивното запознавање.
A post shared by Jenny Shimizu (@jennyshimizu) on
Денес нејзината поранешна девојка е во среќен брак со бренд менаџерката Мишел Харпер.
Анџелина во една прилика има изјавено дека доколку не се омажела за нејзиниот прв сопруг, најверојатно би се омажила за Џени.
Врската меѓу нив траела и кога холивудската актерка се гледала со мажи, а дури во 2003 година одлучила јавно да проговори за својата бисексуалност.
Шимицу била супермодел и актерка. Глумела во филмовите Foxfire, Itty Bitty Titty Committee и Dante’s Cove, но била и заштитно лице на Calvin Klein CK1. Таа сега има 50 години.
-Никогаш не сум се чувствувала како да имам толку години. Не можам да објаснам зошто се чувствувам така, но веројатно искуството и развојот ми биле поважни од броењето на години, изјави Џени откривајќи дека веќе некои луѓе ја убедуваат да ги крие годините затоа што е стара за модната индустрија.