Поранешната девојка на Вељко со коментар под сликата на неговата свршеничка

Минатата недела одекна веста за ненадејната свршувачката на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ. Тој одлучи својата избраничка Богдана Родиќ да ја побара по само 2 месеци забавување со неа, а веста ја потврди со фотографија на неговиот Instagram профил.

A post shared by The Tiger- B P (@aceisb4ck) on

Она што најмногу го привлече вниманието на неговите обожаватели, сепак не беше тоа.
Една од обожавателките ги означи во коментар неговите поранешни девојки Ана Чакиќ и Маша Терзиќ под сликата на Богдана со вереничкиот прстен и ги запраша дали спијат мирно.

Ана Чакиќ, очигледно не беше заинтересирана за новоста во животот на Вељко, па едноставно возврати со игнорирање, додека Маша не остана толку рамнодушна на тоа.

„Многу мирно, не се грижи“, одговори таа.

Маша и Вељко беа во долгогодишна врска, со многу подеми и падови. Двајцата одлучија да се свршат и да преминат преку сите нивни недоразбирања, но свршувачката беше раскината откако Терзиќ дозна дека Ражнатовиќ додека е со неа се гледал и со реалити ѕвездата Сања Станковиќ. Иако подоцна се каел за грешката, Маша одлучила дека нема да му прости за направеното и расчисти со него.

На нејзиниот Instagram профил се уште стојат нивните фотографии, а коментарот разбуди многу сомнежи и отвори нова надеж на обожавателите кои ја идеализираат нивната врска наспроти онаа на Вељко со неговата избраничка Богдана.

Дали мирно „спие“ Маша поради тоа што знае дека нејзиниот поранешен свршеник е се уште нејзин или едноставно кренала раце од него, останува да дознаеме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби