Среќен е оној што го има Кристијано Роналдо за свој гостин.
Португалецот ги остави вработените од грчкиот луксузен хотел Costa Navarino, насмеани од 6-ка до 6-ка откако ги почести со бакшиш од 17 850 фунти.
Според Тhe Sun, фудбалерот бил толку импресиониран од услугата што не можел, а да не остави нешто плус.
Кристијано имаше мини одмор во Грција со пријателите и семејството пред и официјално да биде претставен како играч на Јувентус.