„Шпигел“: Документите за силувањето што го извршил Роналдо се автентични

Германското списание „Шпигел“, кое прво ги објави обвинувањата дека Кристијано Роналдо силувал девојка во Лас Вегас 2009 година, информира дека „нема причина“ за сомнеж во автентичноста на клучните документи за случајот.

Самиот Роналдо негира дека ја силувал Кетрин Мајорга во хотел во Лас Вегас. Адвокатите на фудбалерот на Јувентус пак во средата обвинија дека документите се „целосно фабрикувани“.



Сепак, германскиот магазин е убеден во веродостојноста на своите извори.

- Имаме стотици документи од различни извори, кои ги потврдуваат нашите статии. Стоиме зад нашите откритија. Немаме причина да веруваме дека овие документи не се автентични. Покрај тоа, како и секогаш пред да објавиме напис во „Шпигел“, ние темелно ги проверуваме информациите и ги прегледуваме легално. Изјавата, која беше објавена од (адвокатот) Петер Кристијансен од името на Кристијано Роналдо го демонстрира вообичаениот пат по кој господин Роналдо и неговите адвокати пристапуваа во минатото, кога неуспешно се бореа против нашата истражувачка работа, соопшти германскиот весник.

„Шпигел“ додава дека во статијата се цитираат две верзии на документ со изјави од Роналдо. Се работи за извештај кој доаѓа од неговите адвокати и ја опишува ноќта во која се случило наводното силување.



- И во двате верзии се вели дека тој се извинил веднаш потоа. Во подоцнежна верзија на овој извештај, господин Роналдо ги негира обвинувањата за силување и негира дека и се извинил на госпоѓица Мајорга. Кога објавивме статија за договорот меѓу двајцата во 2017, неговите советници го нарекоа „новинарска измислица“. Сега господинот Роналдо признава дека се договорил. Пред да ја објавиме нашата приказна за обвинувањата за силување господин Роналдо и неговите адвокати имаа можност да одговорат на обвинувањата. Тие можеа да ги оспорат фактите кои им ги доставивме. Тие не го направија тоа, велат од „Шпигел“.

Весникот посочува дека во тој момент тие не изјавувале дека делови од нивните информации се „чисти измислици“. Еден од адвокатите на Португалецот се заканил со тужба, поради „нарушување на личните права на Роналдо“.

- Сè уште не сме добиле ништо, додава „Шпигел“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби