Кевин Спејси обвинет за сексуално злоставување малолетник

Американскиот актер Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад врз малолетник, извршен во јули 2016-та година во близина на Бостон. Актерот ќе се јави во суд на 7 јануари, за да ги чуе официјалните обвиненија.

Мајката на малолетникот, новинарката Хедер Aнрах, раскажува како Спејси го натерал нејзиниот син да се напие, а потоа го допирал по интимните делови. Тоа го видела некоја гостинка во ресторанот, па откако Спејси заминал в тоалет, таа притрчала напомош. Момчето потоа го напуштило ресторанот.



Првично, тој не сакал да го тужи актерот, бидејќи бил исплашен и засрамен, но откако јавноста дозна за две други обвиненија против Спејси, исто така, за сексуален напад кон мажи, мајката одлучила да поднесе тужба.

Во меѓувреме, Спејси објави свое видео под наслов „Let me be Frank“ („Дозволете ми да бидам искрен“, а Френк е и името на неговиот лик во хит серијата „Куќа од карти“). Тука тој, повторно влегувајќи во својот негативен лик, вели дека луѓето не треба да веруваат во сѐ што ќе чујат за него.

– Знам што сакате. Се обидоа да нѐ разделат, но меѓу нас има нешто силно и моќно. Ние, ти и јас ги знаеме моите најмрачни тајни. Ти покажав на што сѐ се способни луѓето, те шокирав со мојата искреност, и притоа ти поставував предизвици и те терав да се замислиш… Секој ден во мене расте вербата дека многу наскоро ти ќе ја дознаеш целата вистина, нагласува тој обраќајќи им се на следачите, односно поединечно на секој гледач на видеото.

– Ако не сум платил за она што и двајцата знаеме дека сум го направил (во улога на озлогласениот лик Френк), сигурно нема да платам за она што не сум го направил, додава Спејси.

Спејси, инаку, беше отпуштен од серијата „Куќа од карти“ по избивањето на секс скандалите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби