За некого бизарна, за друг потполно своја, Селин Дион деновиве е топ тема во светските таблоиди.
Познатата пејачка ги загрижи своите обожаватели со ковчестиот изглед и големата промена во имиџот. Иако многумина се прашувуваат дали е добра со здравјето, Дион тврди дека нема место за паника.
-Ако мене ми се допаѓа, нема што да зборувам околу тоа. Не се мачете. Не правете фотографија. Ако ви се допаѓа, тука сум. Ако не, оставете ме на мир, вели Дион за The Sun.
Зборувајќи за ненадејната промена на стилот, Селин потенцира дека ужива во новиот изглед бидејќи облеката прави да се чувствува убаво, бестрашно, моќно и атрактивно. Анализирајќи го нејзиниот последен избор на модни парчиња, тешко е да се каже дека изгледа така, но и покрај тоа Дион е убедена дека сè е онака како што треба да биде.
Што се однесува до шпекулацијата дека се забавува со својот пријателот Пепе Муноз, Селин вели дека се само многу добри пријатели.
-Ние сме најдобри пријатели. Се разбира дека се гушкаме, се држиме за раце, излегуваме, па луѓето го гледаат тоа. Мислам, тој ми ја подава раката кога излегувам.