Поминаа 6 години откако војводата и војвотката од Кембриџ за прв пат станаа родители на преслаткиот принц Џорџ.
Денес тој го прославува својот роденден и во таа чест британското кралското семејство објави три фотографии направени неговата мајка, Кејт Мидлтон.
Војвотката ужива во фотографирањето на своите синови, па и овој пат успеа да ни го долови своето момченце во најубав можен начин, со ведра насмевка и весело расположение.