Деми Мур открива сочни детали од бракот со Ештон Качер

Новата книга „Inside Out“ на холивудската актерка Деми Мур, од ден на ден, предизвикува сè поголемо внимание, особено откако во јавноста излегоа детали за нејзиниот брак со 15 години помладиот Ештон Качер.



Мур и Качер започнаа да се гледаат во 2003-та и по две години ја официјализираа својата врска со брак. Сепак, зад она што навидум изгледаше како среќна љубовна врска во која Мур конечно да го нашла вистинскиот маж за себе, нештата беа сосема поинакви.

Во „Inside Out“ актерката открива дека имала спонтан абортус, а воедно и дека Ештон Качер ја убедувал да има секс во тројка.

-Сакав да му покажам колку супер и кул можам да бидам, но тоа беше грешка, раскажува таа. Мур откри дека сакајќи да му удоволи на својот тогашен сопруг, два пати имале тројка.



Но, ваквиот потег само направил уште поголем раздор во нивниот брак бидејќи Ештон започнал да ја изневерува со други жени. Една од нив е Британи Џонс која своевремено изјави дека Качер спиел со неа во домот кој го делел со Мур, додека таа била на патување. Иако Ештон ја негираше аферата, во книгата, актерката вели дека дознала за изневерувањето.

-Ештон го оправдуваше направеното со објаснување дека нештата станале нејасни откако сме донеле трета личност во нашата врска, објаснува Деми.

Според UsWeekly, Качер ни малку не е лут или разочаран, што неговата поранешна сопруга реши да ги извади интимните детали од нивниот брак на виделина. Тој смета дека тоа е нејзината верзија на вистината, а со тоа има потполно право да ја сподели со јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби