Канадскиот актер Рајан Рејнолдс со својата порака успеа да ѝ го врати украденото мече на сопственичката.

Рејнолдс пред неколку дена на Твитер повика и понуди награда од 5.000 долари за оној што ќе ѝ го врати мечето со касетофон на Мара Соријано. На играчката за последен пат е снимен гласот на нејзината мајка, која починала минатата година од рак, а се снимала себеси пред да замине в0 болница.
Последната порака на мајката гласи: „Те сакам. Горда сум на тебе. Секогаш ќе бидам покрај тебе.“