Отфрлено обвинението кон Бритни Спирс за напад врз вработена

Обвинителството одби да поднесе тужба против поп-пејачката Бритни Спирс, откако член на домашниот персонал ја обвини за телесни повреди. Обвинение нема да биде покренато бидејќи нема доволно докази дека прекршокот се случил и нема повреди кај вработената, соопшти Округот Вентура.



Жената поднесе тужба на 16 август, по наводна расправија во куќата на пејачката. Таа тврдеше дека Бритни ѝ го грабнала мобилниот телефон од раце, но по истрагата е заклучено дека нема видливи повреди, ниту штета на мобилниот телефон.

– Обвинителството на Округот Вентура ја отфрли прекршочната пријава против Бритни Спирс, што не е изненадување. Одделот на шерифот призна дека ова е исклучително мал инцидент и рече дека немало напад или повреди. Како што реков претходно, ова не е ништо друго освен претерување и шпекулација. Ако стануваше збор за непозната личност, а не за Бритни Спирс, немаше воопшто да се следи, потврди адвокатот на пејачката – Метју Розенгарт.

Тој смета дека вработената не требало да поднесе тужба и оти Обвинителството ја направило вистинската работа.

– За жал, очигледно е дека некои не научија ништо од минатото и се надеваме дека медиумите и другите во иднина повеќе ќе ја почитуваат г-ѓа Спирс, заклучува адвокатот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби