Симона Трповска: Имав блиска средба со ајкула на 102 метри длабочина во Црвено море

Охриѓанката Симона Трповска е првата Македонка која успеа да го постигне рекордот во техничко нуркање од 102 метри во длабочина на Црвено море во Египет. Трпковска подвигот го направи лани во декември. Таа имала интензивна подготовка една година. Работела со искусниот инструктор Ахмед Габр од Египет и била поддржана од тимот на „Габр Тек“. По тренинзите на различни локации во светот, таа се стекнала со Меѓународен сертификат за техничко нуркање до 100 метри. Симона е рекреативен нуркач од 2007 година.

Живеењето во Охрид и нуркањето во езерото и било основа за денес да го постигне овој рекорд.

-Започнав да нуркам, по иницијатива на татко ми заедно со брат ми. Секогаш кога имам време одам на нуркање во Охридско езеро. Нуркањето во море и езеро не е исто бидејќи во солената вода балансот е поинаков отколку во езеро. Во езеро е секогаш потешко да држиш баланс, бидејќи ја нема солта да те држи на одредена длабочина, рече Симона и додаде дека најдобра дестинација за нуркање во Охрид е Трпејца.

Предизвикот да нурне во длабочините на Црвено море било голема желба и нешто што отсекогаш посакувала.

-Убаво ми е кога гледам како се менува бојата во морето од светло до темно сино, па и црно. Мирот кој го чувствувам во тие длабочини, колку подлабоко толку помирно. Дополнително предизвик ми беше да се совладам себе си, на некој начин тоа е соочување со себе. Да станеш поцврст, поиздржлив, пред се психички, учиш како да се соочиш со предизвиците и околината, а пак да останеш присебен, вели Трповска.

Целото техничко образование го стекнала со инструкторот Ахмед Габр од Египет, кој сеуште е светски рекордер во длабинско нуркање од 332,5 метри. Симона вели дека за да се стане технички нуркач, прво треба да ја сакаш водата и да ти биде пријатна средина, но и да бидеш рекреативен нуркач.

-Треба да поминеш обука и како рекреативен нуркач, да имаш добар баланс под вода, добра психичка и физичка подготвеност, сето тоа како основа за да почнеш со техничко нуркање. Рекреативното нуркање е со една боца и еден тип на гас обично тоа е воздух. Кога одиш на техничко нуркање веќе излегуваш од границите на рекреативното нуркање. Во рекреативно нуркање можеш брзо да излезеш на површина со триминутна безбедносна точка. Кога веќе одиш во техничкото нуркање излегуваш од овие лимити и имаш поголема сатурација на гасови во телото. Тоа значи дека не можеш да излезеш веднаш на површина, треба да поминеш некои процедури на декомпресија за безбедно да излезеш на површина, тоа е како да имаш некој таван над глава, раскажува Симона.

Техниката за дишење е многу важна во овие моменти, затоа што на тој начин ќе знаеш како да калкулираш со потрошувачката на гас. Тука нема простор за импровизација.

Симона имала блиска средба и со ајкула, но останала смирена во моментот кога ја реализирала нејзината цел.

-Тоа за нив е дом. Самата ајкула ако не и влезеш во територија нема да ти направи ништо. Само беше присутна, но не можам да речам дека тоа беше непријатна ситуација. На некој начин средба. Тука беше во близина, набљудуваше и си замина. Немаше некој проблем и ретко кога нуркачите се соочуваат со проблеми со ајкулите под вода. Сето тоа беше само нормален процес и дел од самото нуркање. Еден од тимот кој ми беше нуркач за поддршка ми даде знак дека има ајкула, но јас бев фокусирана за малку немаше ни да ја видам, раскажа Симона.

Засега Симона ужива во поставениот рекорд, но за следен предизвик е да ги совлада добро техниките и специфичната методологијата за длабинско нуркање кои ги стекнала по стандардот од ТДИ, сертифицирана агенција за техничко нуркање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби