Селена Гомез блесна во венчаница! Сепак, не станува за вистинска венчавка, туку за снимањето на популарната серија „Only Murders in the Building“ во која глуми заедно со Стив Мартин и Мартин Шорт.
Пејачката неодамна се најде во центарот на уште еден скандал со сопругата на Џастин Бибер, Хејли и нејзините пријателки Кендал и Кајли Џенер, а во исто време доби и многу критики за вишокот килограми. Сепак, тоа не ја поколеба да остане доследна на себе, коментирајќи дека е премногу стара за драма и дека на сите им посакува да бидат подобри едни со други.




