Кевин Костнер поднесе документи до судот во кои бара неговата сопруга Кристин Баумгартнер да го напушти домот во согласност со нивниот предбрачен договор.

Костнер изјави дека по поднесувањето на барањето за развод на Баумгартнер, таа имала рок од 30 дена да се исели, од куќата во која што живеат, според условите на нивниот предбрачен брак.
Актерот и режисер на „Танц со волците“ смета дека Баумгартнер (49) останува во домот за да го убеди да попушти на „различни финансиски барања“ што таа ги поставува по разделбата.
Според условите на предбрачниот брак, актерот и обезбедил на својата сопруга 1,45 милиони долари, за да си најде ново место за престој.
Ѕвездата од Јелоустоун, изјави пред судот дека ќе биде подложен на дополнителни финансиски аранжмани во обид да ја натера да ги напушти просториите.
Костнер во судските документи истанува дека е единствен сопственик на трите семејни домови и според предбрачниот брак на кој се согласија кога се венчаа во 2004 година, Баумгартнер се согласила да ги напушти домовите во случај на развод.
Кристин, којa во минатото работеше како модел и дизајнер на чанти, поднесе барање за развод од актерот на 1 мај. Нивната врска започна во 1998 година, а се венчаа по 6 години на ранчот на Костнер во Колорадо.