Актерот Валентин или Тино Костадиновски е име кое уште на прва асоцира на театарот Комедија. Ретко којзнае дека тој е всушност првиот вработен во овој театар, откако го открила глумицата Јелена Жугиќ и го викнала да конкурира, веднаш по дипломирањето на факултетот ЕСРА.

-Се наместија коцките, среќа што Владе Милчин ме одби на ФДУ, иначе можеби немаше ни да сум вработен сега, оти таа генерација и после девет години од дипломирањето немаат матичен театар, открива Тино.Овој пат, беше без како вели, својата втора половина, Атанас Aтанасовски.
-Порелаксирано е што сум сам на интервју, затоа тој е лошиот. Ме кара, како треба да зборам, кај да одам, што да кажам. Шега на страна, со Атанас многу се дружиме. Ми го остава и синот Павле на чување, па тоа и кај мене буди го буди татковското чувство. Сега за роденден му подарив четири ваучери, па има право четири пати да се јави да му ги чувам децата, а тој да шета, низ насмевка раскажува Тино.
На прашањето, ако некогаш се скараат, вели: Ќе ја правиме големата, сите да знаат дека сме се скарале.
Првпат прозборе и за својата девојка Мартина, со која е осум ипол години во љубов. Млада дизајнерка, за која вели ,,Па веќе како да сум женет. Таа е прекрасна, ја сакам и е пресмешна. А, и дел од некој фори кои ги користам за стендап се нејзини“, искрен е Тино.
Ни откри како се запознале, и оваа приказна има две страни, нејзината, дека не го занела кој е, па случајно налетала на него, и неговата приказна, дека точно занела кој е па го бркала да го фати, се шегува Костадиновски.
Зборувавме за неговата населба Лисиче, деновите во средното „Орце Николов“, зошто го крстиле Валентин и што прави на 14. февруари на Денот на вљубените.
Низ муабетот дознаеме се: за девојката за која првпат прозборе и не штедеше да каже колку е среќен, за „франшизата“ Тино и Атанас, за „Бубамара“ која годинава првпат ја водеа сами, за детството, родителите, театарот, за урбаната култура, ама и по некој кафеански муабет…