Сопругот на Бритни Спирс, Сем Асгари, го прекина молкот по веста дека поднесува барање за развод од својата сопруга.

Во изјавата за неговиот Инстаграм профил 29-годишниот актер напиша: По 6 години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето патување заедно.
Тој продолжи: „Ќе се задржиме на љубовта и почитта што ги имаме еден за друг и ѝ посакувам секогаш најдобро“, додавајќи: Срањата се случуваат!
-Барањето приватност изгледа смешно, па затоа само ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите да бидат љубезни и внимателни, завршува тој.

Упатените во причините за разводот за TMZ изјавија дека Асгари се сомневал дека пејачката го изневерува со вработен во домот во Јужна Калифорнија што тие го делеле, и дека видео снимката снимена на имотот укажува на тоа дека Спирс е неверна.
Асгари се сомневал дека Бритни која е „кревка и во хипер-сексуализирана состојба“ - исто така побарала од персоналот да ја снима додека е гола. Не е јасно дали вработениот кој што наводно го замолила да ја снима е истото лице со кое е пријавено дека изневерувала.