Отфрлени обвинувањата за сексуална злоупотреба против пејачот на „Рамштајн”

Обвинителството во Германија ја прекина истрагата за сексуална злоупотреба против пејачот на хеви-метал групата „Рамштајн“, Тил Линдеман.



Рокерот беше обвинуван за непримерно однесување, но според „Дојче веле“, истражителите не успеале да соберат докази за да ги поткрепат овие наводи. Обвинувањата прво се појавија во интернет-објава на обожавателка по име Шелби Лин, која тврдеше дека нејзините пијалаци биле полни „дрога за силување“ за време на забава пред концертот во Литванија на 22 мај годинава. Потоа таа повраќала и имала модринки, но на крајот призна дека го одбила додворувањето на рок-ѕвездата.

„Сакам повторно да појаснам. Тил не ме допре. Тој прифати дека не сакам да имам секс со него. Никогаш не тврдев дека ме силувал“, додаде таа на Твитер и покрај првичните негодувања и обвинувања.

Бендот тогаш брзо издаде соопштение каде што ги одрече наводите, но следеа наводни сведоштва и од други обожавателки и посетителки кои тврдеа дека девојки кои присуствувале на настапите, редовно биле извлекувани „зад сцената“... Па натаму, некој од луѓето околу бендот би ги запознал со Линдеман, а во некои случаи обожавателката наводно била и дрогирана.

Во јуни, обвинителите во Литванија објавија дека нема да отворат истрага пo обвинувањата на Лин. Германските власти одлучија да го сторат истото бидејќи не можат да ги соберат изјавите на наводните жртви и не нашле докази дека Линдеман навистина ги извршил престапите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби