Пајак откриен во Австралија го доби името по глумецот Том Харди

Новооткриен пајак, пронајден во Австралија, го доби името по британскиот глумец Том Харди, кој го глуми антихеројот Веном, во истоимениот филм на „Марвел“.



Пајакот е откриен во септември, оваа 2023 година, од научниците Џулија де Роси, Педро де Кастанхеира и Волкер Фраменау од Универзитетот „Мардок“ во Перт, и Ренер Баптиста од Федералниот универзитет на Рио де Жанеиро, Бразил. Новооткриениот вид „Venomius tomhardyi“ се среќава на југот од Австралија - од Тасманија до Западна Австралија, каде што вирее плетејќи кружна вертикална мрежа.

„За време на неодамнешното патување на терен во јужна Австралија, собравме голем број примероци на необичен вид пајаци кои ткаат топчиња, кои не покажаа синапоморфии со ниту еден од неодамна ревидираните родови, или кој било друг род којшто ни е познат... Пајакот обично се крие во вдлабнатини обложени со свила во гранките на дрвјата кога е вознемирен во текот на денот“, се вели во соопштението на авторите.

Пајаците се дел од семејството наречено „Araneidae Clerck“ коешто е трето по големина семејство пајаци во Австралија, со повеќе од 220 опишани видови.

„Овој род наликува на главата на ликот 'Веном', со забележливи црни дамки - особено машкиот холотип“, истакнуваат научниците.

Том Харди го глуми Еди Брок во серијалот филмови „Веном“. Тоа пак, е вонземјанинот најчесто претставуван како противник или сојузник на суперхеројот Спајдермен. Глумецот сè уште не се огласил по фактот дека пајак го добил името според него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби