Кристин Баумгартнер се согласи со сите услови на Кевин Костнер за развод

Мачниот, тежок и според многумина - „малициозен“ развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер, се чини, е блиску до мирна завршница. Според гласноговорникот на актерот, двојката се смирила.



- Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка, изјави неговиот претставник за „People”.

А пак, извори блиски до Кристин велат дека таа морала да се согласи со условите на Костнер.

-Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го бара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држи конците во свои раце. Ако продолжи со борбата, на крајот таа ќе загуби сѐ... Исто така, таа вели и дека ова е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да мине низ вакво нешто, особено пред очите на јавноста, открива пријател на Кристин за „Дејли мејл“.

Според неименуваниот извор, таа всушност никогаш не сакала да биде дел од „целиот тој циркус“ и претпочитала работите да ги решат вон Судот.

Инаку, сѐ почна кога Кристин побарала од познатиот актерот да ѝ плаќа 175.057 долари месечно за нивните три деца да живеат ист начин со секој родител. Баумгартнер притоа, наводно, во документите тврдела дека децата, на пр., кога се со својот татко, престојуваат во куќа на плажа во вредност меѓу 65 и 95 милиони долари и патуваат со приватни авиони додека се на луксузен одмор со него.

Актерот, од своја страна, тврдеше дека поранешната сопруга, инаку дизајнерка за чанти, се грижи само за подобрување и одржување на својот животен стил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби