Наоми Кемпбел: Се убивав себе си! Беше многу болно!

Манекенката Наоми Кемпбел во новата документарна серија „Супермодели“ (The Super Models) открива дека зависноста од дрога за малку ќе ја убиела кога била на врвот на својата кариера во 90-тите.



Модната икона искрено проговори за злоупотребата на дрога, признавајќи дека се свртела кон кокаинот за да се справи со траумите од детството и по смртта на италијанскиот дизајнер Џани Версаче. Наоми била вистински потресена, вели, кога нејзиниот близок пријател бил убиен пред неговиот дом во 1997 година.

- Претпоставувам дека кога почнав да земам дрога, тоа беше нешто со што се обидував да ја прикријам тагата. Зависноста е многу опасна работа. Навистина е така! Си мислите „Тоа ќе ја залечи таа рана“. Не! Тоа може да предизвика толку многу страв и вознемиреност, вели Кемпбел.

Манекенката родена во Велика Британија пет години се борела со својата зависност, а еднаш дури и се онесвестила на фотосесија во 1999 година.

- Кога се обидуваш да прикриеш нешто, твоите чувства - на пр. за напуштањето... Се обидов да ги прикријам со нешто... Не можеш да гo прикриеш тоа. Се убивав себе си! Беше многу болно!, признава таа во документарецот.

Падот на сцената го оценува како „повик за будење“ што ѝ требал за да се пријави на рехабилитација. Во разговорот, Кемпбел говори и за своите стравови од детството и гневот поради тоа што не ги познава своите родители. Во документарната серија „Супермодели“ свое учество имаат и Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби