Објавен тестаментот на Метју Пери

Објавен е тестаментот на актерот и комичар Метју Пери. Според документите до коишто дошло списанието „People”, Пери ќе го остави „поголемиот дел од своите работи“ на фондацијата „Алви Сингер ливинг траст“, што тој ја основал и го носи името на главниот лик од филмот на Вуди Ален - „Ени Хол“ од 1977 година. Метју го составил својот тестамент во 2009 година.



Таткото на американскиот актер - Џон Пери и мајка му Сузан Морисон се именувани како корисници на фондацијата. Како корисници се наведени и неговата полусестра Кејтлин Морисон и поранешната девојка Рејчел Дан. За извршители на тестаментот ги назначил Лиза Фергусон и Робин Рузан. Но, Рузан се откажа од оваа должност, па Фергусон ќе треба да се појави сама во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Во тестаментот се посочува дека децата кои Пери можеби ќе ги има по 2009 година нема да имаат експресно право на неговото богатство. Актерот сепак немаше деца.

Документите, исто така, посочуваат дека ѕвездата од хит-серијата „Пријатели“ имала повеќе од милион долари лични средства кога починала. Тој милион долари не е ограничен само на накит, мебел, уметнички дела и автомобили.

Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години. Аутопсијата подоцна утврди дека смртта на актерот била предизвикана од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби