Полицијата одбива да ги соопшти резултатите од обдукцијата на телото на Витни Хјустон

Полицијата на Беверли Хилс одби да ги соопшти резултатите од обдукцијата на телото на пејачката Витни Хјустон (48), која во саботата беше најдена мртва во када во хотелска соба во Лос Анџелес.

“Во овој момент нема ништо да соопштиме“, изјавил Џон Кејдс од Одделението за паталогија на Лос Анџелес.

Извор на телевизијата “Е!“ рекол дека полицијата одбива да ги соопшти наодите оти објавувањето на било какви детали би можело да ја загрози истрагата која е во тек.

Полицијата претходно соопшти дека “нема очигледни знаци на насилство“, но одбивањето да се соопштат наодите разбуди сомнение дека со обдукцијата е пронајдено нешто неочекувано.

Вообичаена пракса во САД е форезничарите да соопштат дека е позната причината за смртта или дека ќе остане непозната до завршувањето на токсиколошките анализи, кои што може да траат со недели, јавуваат американските медиуми. Последен пат оваа пракса е прекршена во истрагата на смртта на кралот на поп музиката Мајкл Џексон.

Во меѓувреме, американските медиуми пишуваат дека се претпоставува дека Витни Хјустон се удавила во када откако заспала под дејство на лекови и алкохол.

Во собата на пејачката, во хотелот Hilton, биле најдени шест шишенца со апчиња, меѓу кои и “ксанакс“, јак антидепресив. Полицијата не нашла дрога или алкохол во собата. Сепак, полицијата верува дека пејачката претходно пиела алкохол, а потоа земала и лекови, што е комбинацијата од која Хјустон заспала во кадата.

Веста за смртта на пејачката ја соопшти нејзиниот публицист Кристен Фостер.
Полицијата соопшти дека добила повик во 15,43 часот во саботата и по неуспешните обиди за реанимација, смртта на Хјустон е прогласена во 15,55 часот.

Хјустон е добитничка на две “Еми“ награди, шест “Греми“ и 30 музички награди “Билборд“.

Популарната пејачка последните неколку години имаше проблеми со алкохолот, дрогата како и со разни лекови за смирување. Повеќе пати се обиде да се врати на големата сцена, но никогаш не и’ тргна од рака. Обожавателите ширум светот ќе ја паметат по нејзините големи хитови од осумдесеттите години на минатиот век “I'll will always love you“ и “I wanna dance with somebody“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби